
Ученик на Техничкото училиште во Железник, во Белград, утрово е избоден со нож од страна на негов соученик, пренесуваат српските медиуми.
„Ученик од нашето училиште е повреден. Полицијата во моментот е во училиштето, се врши истрага“, кратко изјавиле од училиштето.

Како што пренесува Блиц, ученикот е повреден околу 8 часот. Нападот се случил веднаш до училишниот двор, по што напаѓачот побегнал. Набрзо бил уапсен, а повредениот тинејџер бил пренесен во Ургентниот центар.