Извори од МНР на Украина најавија дека утре претпладне претседателот Володимир Зеленски ќе се појави пред светската јавност со вонредна и исклучително важна изјава поврзана со Самитот за мир за Украина, како и за воените дејствија на руската федерација, дознава ЦИВИЛ МЕДИА.
Како што е досега познато, веќе се пристигнати повеќе од 70 потврди за учество на ниво на шефови на држави и влади и организации. Половина од потврдите моментално доаѓаат од Европа, а другата половина од остатокот од светот. Своето учество јавно го најавија 11 држави, вклучително и Индија, претседателот на Европската комисија и Германија.