Научниците од Империјалниот колеџ во Лондон спровеле студија во текот на која ги споредиле карактеристиките на делта сојот на коронаворусот и неговите подваријанти, а најмногу внимание било посветено на сојот AY.4.2 чиешто ширење во октомври го потврди британското министерство за здравство.
Авторите на студијата ги анализирале резултатите од PCR тестовите на 100.112 лице направени во периодот од 19-ти октомври до 5-ти ноември, од кои 1.399 биле позитивни. Дополнително, делта сојот и неговите подваријанти се идентификувани кај 841 промероци, од коишто речиси 12 отсто отпаѓаат на AY.4.2.
Од сите заразени со оваа подваријанта на сојот делта, само 33 отсто ги имале класичните симптоми за коронавирусната болест Covid-19, како што е губењето или промената на сетилата за мирис и вкус, треска и постојана кашлица.
Коавторката на студијата Кристл Донели истакнува дека таквата карактеристика може да биде и ограбрувачка и негативна истовремено. Според неа, отсуството на кашлање може да го намали ширењето на вирусот преку капките од слузот, но, од друга страна, склоноста кон асимптоматскиот тек на болеста, напротив, може да ја зголеми инциденцата.
„Очигледно, луѓето чекаат да се појават симптомите пред да бидат тестирани за да дознаат дали се заразени или не. Отсуството на симптомите може да го олесни пренесувањето на виросуст“, појаснува Донели.
Индискиот сој, односно делта варијантата, беше првпат идентификувана во октомври 2020 година. Се одлукува со скратен период на инкубација и зголемен стрест врз организмот на човекот. Делта варијантата продолжува да мутира, веќе се појавени неколку подвидови, од кои за најопасна научниците ја сметаат варијантата „делта-плус“.
Со статусот AY.4.2 првпат идентификиван во Велика Британија, сѐ шуште не е определен. Како што соопшти британската Агенција за здравствена безбедност (UK Health Security Agency, UKHSA), овој сој може да има повисока стапка на ширење од оригиналниот делта сој.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.