Медицинскиот тим предводен од проф. д-р Слободан Дамјановски, специјалист по неврохирургија и д-р мед. науки Миленко Костов, специјалист по неврохирургија, успешно ја изведе интервенцијата за отстранување на голем интракранијален тумор кај 43-годишен пациент, кој се наоѓал на базата на черепот, а притоа во него биле засегнати каротидната артерија и тригеминалниот нерв, соопштија од клиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје.
Секоја хируршка интервенција, особено неврохируршката, е ризична интервенција бидејќи може да настанат ненамерни оштетувања на нервните структури. Микроскопот ‘Kinevo 900’ овозможува добро осветлување, одлично зголемување на видното поле, со што се овозможува подобра заштита на нервното ткиво, вели д-р Костов.
Ваков тип микроскоп е специфичен само за високопрофилирани неврохируршки установи, кој континуирано може да се надградува, што го прави единствен и најдобар во земјава и регионот.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.