Вчера во ОВР Гостивар било пријавено дека околу 20:25 часот на регионалниот пат Гостивар – село Градец, во село Добридол, гостиварско, патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот Г.Б. од село Врапчиште, гостиварско, удрило во пешакот 65-годишниот З.Ш. од село Добридол.

По несреќата, пешакот З.Ш. бил пренесен во Медицински центар Гостивар каде што починал, а лекар констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, а по член 300 од Кривичниот законик – „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, околу 21:10 часот од слобода бил лишен возачот Г.Б..

Тој бил задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово – ОВР Гостивар.

Текстот Усмртен пешак во Гостиварско, уапсен возачот е превземен од МАКФАКС.