Актуелните правила и мерки за влез во Грција, кои важат и за државјаните на Северна Македонија, се непроменети и продолжени за уште една седмица, а и понатаму задолжителен е документ за Ковид-19 и пополнет PLF формулар, јави дописничката на МИА од Атина.

Advertisements

Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, веќе е објавена во Службен весник на Грција стапи во сила утрово и важи до следниот петок, 10 декември 2021 година, во шест часот наутро.

Документот за Ковид-19, односно сертификат за вакцинација или потврда за прележана болест или негативен ПЦР/рапид тест, заедно со пополнет PLF формулар и понатаму се неопходни за патување во Грција, а невакцинираните и оние кои не прележале, задолжително ќе бидат тестирани при влезот во земјата.

Паралелно, речиси истите документи, освен PLF формуларот, задолжителни се и за влез во затворените објекти во Грција, со исклучок на супермаркетите, продавниците за храна, бензинските пумпи и аптеките со оглед на тоа дека мерките во земјата, како за грчките граѓани, важат и за туристите.

Нема промени ни во однос на граничните премини, како и досега, за влез од Северна Македонија, отворени се сите и работата 24 часа.