Лондонскиот фудбалски клуб Арсенал е во преговори за нов договор со тренерот Микел Артета.
Според британскиот весник „Дејли мејл“, раководството на „топчиите“ сака да му понуди нова соработка на две години.
Сегашниот договор со тренерот е до јуни 2023 година, а според новиот, тој ќе биде тренер до 2025.
Артета е менаџер на лондонскиот тим од декември 2019 година. Под негово водство, тимот го освои ФА Купот и Суперкупот.
Арсенал оваа сезона е 7-ми во Премиер лигата со 35 бода од 20 натпревари.