Нафтена рафинерија во градот Кременчук во центаралниот дел на Украина – е целосно уништена во руски напад, изјави на локалната телевизија гувернерот на областа Полтава, пренесува новинската агенција Ројтерс.
„Пожарот во рафинеријата е изгаснат, но објектот е целосно уништен и повеќе не може да функционира“, изјави Дмитро Лунин.
Весникот Киев Индипендент објави на Твитер дека ракетниот напад на 1 април ја уништил рафинеријата за нафта – најголемата во Украина.
⚡️ Russians destroyed Ukraine’s biggest oil refinery in Kremenchuk during the April 1 missile attack.
Russia has been conducting targeted attacks on oil depots around the country, including in Lviv and Dnipro.
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) April 2, 2022