Планината Водно, по се изгледа ќе се заштитува со законско решение. Институциите, неколку министерства и Град Скопје, по иницијатива на министерството за екологија, ги анализираат сите забелешки за Водно. Детали не се откриваат од нивните средби. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов вели дека инсистира за Водно да се донесе посебен Закон.
„Да не си играме играчки со Водно, да не му текне на некој поворно да прави пат низ Водно. Нашиот начин на функционирање е така, можеби е малку демократијата поспора, меѓтуоа е многу важно да го слушнете гласот на граѓаните, гласот на луѓето отколку автономно да ги донесете било кои од одлуките. Процесот е инклузивен и е во тек, сите инволвирани страни се внатре вмешани. Јас очекувам дека ќе добиеме добро и квалитетно решение за заштиа на Водно“, рече градоначалникот Шилегов.
Универзитетскиот професор Иван Блинков од Шумарскиот Факултет решението го гледа во посбен Закон за Водно. Прво планината мора да понуди заштита на Скопје од евентуални ерозии и поплави, па дури потоа да се заштити флората и фауната.
„Според нашите истражувања цело Водно да биде прогласено за ерозивно подрачје, делови што се со активни ерозивни процеси/подрачја загрозена ерозија што би значело доколку се смени начинот на користење на земјиштето може да дојде до високи процеси на ерозија од кои после се генерира количина на наноси. Токму заради тоа не може со едно решение, не може со еден Закон“, вели проф. Блинков.
На јавната расправа за Водно, универзитетската фела и екологистете се бунеа бидејќи само со Одлуката за заштитено подрачје од петта категорија, на Водно ќе беа заштитени само флората и фауната. Затоа, тие бараа, а министерството за екологија прифати, заштитата да биде поголема и да се насочи кон спречување од градежната експанзија, поплави и ерозии. А, Водно да добие заштита на шумата.
Игор Стефановски