Унгарскиот премиер Виктор Орбан, како што деновиве најави министерот за надворешни работи Петер Сијарто денеска ќе престојува во посета на Русија. Според Сијарто, проектот за нуклеарна централа Пакс 2 ќе биде една од главните теми на агендата.
„Ќе разговараме за напредокот во подготовката на изградбата на нуклеарната централа. Росатом веќе го подготвува теренот за вистинска и видлива и спектакуларна изградба. Сакаме проектот да влезе во фаза на формирање веќе во првата половина на оваа година“, истакна унгарскиот министер за надворешни работи.