Унгарија го освои првото место во Д групата на Светското првенство во ракомет. Унгарците во последниот меч во групата ја пбедија Холандија со 36:32.
Во Вараждин, Унгрците во најголем дел од најтпреварот имаа предност, во финошот Холанѓаните внесоа драма, кога се доближија на гол негатива, но нивниот налет го одби голманот Плашиќ со две интервенции.
Бока и Лекај со по шест гола ја предводеа Унгарија.
Во втората фаза Унгарците носат три, Холанѓаните два,а Македонија еден бод. Во втората фаза противници на овие три селекции ќе им бидат Франција, Австрија и Катар.
Вечерва порази доживеаја домаќините на Светското првенство. Хрваттите загубија од Египет, а Норвежаните од Португалија.
Без Дувњак и Циндриќ Хрватска немаше шанси против Египет. Египѓаните водеа во текот на целиот натпревар. Хрватска успеа во 38 минута да се доближи на гол негатива, но потоа Египет одговори со серија од три гола и практично го реши натпреварот.
Блескаше на голот на Египет играчот на натпреварот, голманот Мохамед Али со 16 интервенции. Египет во втората фаза носи четири бода, Хрватска два, а Аргентина ниту еден.
Шок среде Осло доживеа Норвешка. Со поразот од Португалија 28:31, Норвежаните го освоија третото место во групата и во втората фаза нема да пренесат ниту еден бод. Од оваа група Портуалија ќе пренесе четири, а Бразил два бода.
Дуелот со Португалија покажа дека поразот од Бразил во првата рунда не бил случаен. Голема борба водеа двете селекции во текот на целиот меч, а го реши голманот на Португалија Кабдевил, кој ја врати својата репрезентација во мечот со четири одбрани во низа, откако Норвежаните водеа 19:16.
Капдевил на крајот имаше 14 одбрани, а најефикасни беа Праде и Кошта со по шест гола. Кај Норвешка се истакна Лисе кој постигна девет гола.
Текстот Унгарија ја победи Холандија, Египет славеше над Хрватска, Португалија ја шокира Норвешка е превземен од МАКФАКС.