Министерот за надворешни работи на Унгарија ги критикуваше налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана поради војната во Газа.
„Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер и министер за одбрана. Оваа одлука е срамна и апсурдна“, напиша Петер Сијарто на својот Фејсбук.
Судиите на Меѓународниот кривичен суд открија „разумни аргументи“ дека Нетанјаху и Јоав Галант сносат „кривична одговорност“ за наводните воени злосторства и злосторства против човештвото за време на војната меѓу Израел и Хамас. Ова го вклучува „военото злосторство гладување како метод на војување и злосторства против човештвото, како што се убиства, прогон и други нехумани дејствија“.
Текстот Унгарија го поддржа Нетанјаху: Одлуката на Меѓународниот кривичен суд е апсурдна е превземен од МАКФАКС.