Магнезиумот е осмиот најчест минерал на Земајата, а трет најчест во морската вода.
За нас најважен податок е дека магнезиумот е четвртиот најчест минерал во човековото тело. Најмногу е застапен во коските и забите (околу 60-65 проценти), а остатокот во мускулното ткиво и клетките, како и во крвта.
Улогата на магнезиумот во човековото тело е голема. Тој помага во унапредувањето на метаболичките просеци, вклучувајќи го ослободувањето на енергијата од храната и нејзиното пренесување преку телото и учествува во создавањето на протеини.
Без тоа преработката на јаглени хидрати, протеини и масти не би била можна. Исто така, на секоја клетка во човековото тело и е потребна соодветна количина на магнезиум, бидејќи во спротивно делувањето на клетките ќе ослаби. Магнезиумот делува заедно со калциумот во контролата на електричниот импулс во клетките.
Концентрацијата на магнезиум во здравите клетки е многу поголема од концентрацијата на калциум, а тој однос е многу важен за нас. Нивната меѓусебна рамнотежа и делување се важни за да се спречи наталожувањето на калциум во клетките, кое може да доведе до раздразливост, ослабено делување на клетките или нивно умирање.