Украинските власти, наместо бранителите на Мариупол, го одбија рускиот предлог. Украинскиот премиел Денис Шмихал тврди дека војниците нема да ѝ се предадат на руската армија и ќе се борат до самиот крај. Украинците продолжуваат да пружаат отпор, користејќи ги нуклеарните скривници под челичарницата Азовстал како засолниште.
Не е познат бројот на украински војници кои тврдоглаво ги спречуваат напорите на сепаратистичките сили целосно да ја превземат контролата врз Мариупол, но според руското Министерство за одбрана во градот нема повеќе од 2.500 војници. Русите тврдат дека до сега 1.464 украински војници се предале во Мариупол, и обвинија дека националистите од баталјонот Азов ги стрелаат украинските војници кои сакаат да се предадат.
“Националистичкиот режими во Киев, според пресретнатите радио пораки, забрани преговори за предавање, наредувајќи им на нацистите од азов на лице место да го застрелат секој пропадник на украинската армија и странските платеници што сака да го положи оружјето”, обвини Конашеков.
Украинските власти изминативе денови судбината на Мариупол ја поврзуваат со продолжувањето на преговорите. Министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба порача дека Мариупол е црвената линија за преговорите, додека претседателот Зеленски предупреди дека елиминацијата на бранителите во градот ќе значи крај на преговорите.
“Мислам дека прават голема грешка, уништувањето на сите наши момци во Мариупол, тоа што во моментов се обидуваат, може да стави крај на преговорите во било каков формат. Мислам дека тоа е нивната најголема грешка, мислам дека е голема грешка да се каже дека тие навистина посакуваат крај на војната”, оцени Зеленски.
Мариупол е веќе шест недели под опсада а руската артилерија го сведе градот на рушевини. Од речиси половина милион жители, во градот останаа околу стотина илјади, криејќи се во скривници и визби, а се стравува дека цената за одбраната на градот со живот ја платиле илјадници цивили.