Олександр Боровик, 30-годишен пилот од 39-та украинска тактичка авијациска бригада, загина вчера додека извршуваше борбена мисија во секторот Запорожје на фронтовската линија, потврди неговата бригада.
Боровик летал околу 13:30 часот по локално време кога се случил инцидентот. „Причините и околностите за неговата смрт се под истрага. Изразуваме искрено сочувство до семејството и пријателите на Олександр. Вечно сеќавање на Херојот“, се вели во соопштението.
Во краткото соопштение не се наведува што се случило со воениот авион, но со оглед на тоа што пилотот бил убиен, се претпоставува дека авионот бил уништен.
Русија моментално контролира околу 70% од Запорошката област, но главниот град на областа, Запорожје, останува под украинска контрола.
фото: принтскрин
Текстот Украински воен пилот загина за време на борбена мисија е превземен од МАКФАКС.