Поради напад од непознати беспилотни летала, во Русија истовремено беше воведена оперативна безбедносна постапка на осум аеродроми, според руски јавни извори. Летовите се суспендирани на аеродромите Владикавказ, Грозни, Магаш, Минераљне Воде, Налчик, Ставропол, Сочи и Тамбов, објавува РБЦ-Украина.
Воздушниот простор над овие аеродроми е привремено затворен. Како резултат на нападот со беспилотни летала, одложени се 25 летови. Само на аеродромот во Сочи, одложени се дури 45 летови, и во полетување и во слетување, поради напади со беспилотни летала.
Патниците претежно остануваат мирни и чекаат откажување на таканаречениот „план Ковјор“.
Во текот на изминатата ноќ, Украинците повторно извршија голем напад со непознати беспилотни летала врз Русија, според РБЦ-Украина.
Во градот Невиномиск во Ставрополската територија, воздушната одбрана собори најмалку 30 беспилотни летала за само неколку часа. Сведоците велат дека целта била хемиската фабрика „Азот“ во Невиномиск, но оваа информација сè уште не е официјално потврдена.
Дополнително, експлозии се слушнале во неколку градови во Ростовскиот регион во текот на ноќта на 25 јули, кој исто така бил цел на напад од непознати беспилотни летала, според светските агенции.
Фото: принтскрин
Текстот Украинските напади со беспилотни летала парализираа осум аеродроми во Русија е превземен од МАКФАКС.