Украинската делегација останува во Саудиска Арабија на понатамошни разговори со САД, дознава Би-Би-Си од украинската новинска агенција Униан.

Украинскиот советник Серхи Лешченко рече дека тие остануваат во Саудиска Арабија за да продолжат со разговорите со САД. Тој рече дека таквите преговори не траат само еден ден и можат да траат со месеци.

„Состаноците ќе бидат прилично редовни и нема секоја средба да заврши со јавни изјави“, рече тој.

На прашањето дали може да се очекуваат некакви резултати од разговорите до Велигден, тој вели дека тоа е добар симбол, но во воени услови можеби и не мора да функционира.

Текстот Украинската делегација останува во Саудиска Арабија на разговори со САД е превземен од МАКФАКС.