Украинската амбасадорка Дир за мировниот самит: Високо го цениме учеството и поддршката на Претседателката на Северна Македонија

По повод успешното усвојување на заедничкото коминике за мир за Украина што го поддржаа осумдесет земји во светот, украинската амбасадорка во Северна Македонија, Лариса Дир, на социјалните мрежи сподели линк од содржината на документот.

„Заедничко коминике за основите на мирот, кое беше поддржано од учесниците на Глобалниот самит за мир за Украина – http://surl.li/unvoj. Високо го цениме учеството и поддршката на Претседателката на Северна Македонија“, напиша амбасадорката Дир.

Претходно, ЦИВИЛ МЕДИА ја преведе и објави содржината на заедничкото коминике.