Министерот за здравство Беким Сали на својот Фејсбук профил сподели фотографии од Оксана, Украинка која на свет донесе здраво девојче токму во гинекологија Чаир.
Убави вести ни доаѓаат од гинекологија во Чаир, Оксана од Украина на свет донесе девојче, тешко 3.890 кг и долго 54 см. Оксана и новороденчето се во добра состојба, тимот од гинеколози, педијатри и медицинските сестри се грижат за нив и тие се во сигурни раце. Во разговорот со Оксана, таа ме информираше дека е задоволна од здравствената услуга и дека одлично се чувствува.И посакав добро здравје и многу среќни моменти, напиша Беким Сали.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.