Данска ќе и ги испрати на Украина сите борбени авиони Ф-16 за кои претходно беа договорени лидерите на двете земји, изјави данскиот амбасадор во Украина Оле Егберг Микелсен на украинската телевизија, пренесува Укринформ, повикувајќи се на Лига.нет.
Тој рече дека авионите дефинитивно ќе бидат испорачани во Украина и дека тоа е целата данска флота од Ф-16, која сега се деактивира. Сепак, Микелсен не го прецизираше точниот број на Ф-16 кои треба да бидат испратени во Украина.
Амбасадорот рече дека Данска сега ја распушта својата флота, бидејќи земјата наскоро ќе добие нова генерација авиони – Ф-35.
„Некои од нив ќе бидат испорачани во Аргентина. Нема место за грижа. Ф-16 ќе бидат испорачани како што беше ветено“, рече тој.
Аргентина претходно потпиша договор со Данска за купување на 24 авиони Ф-16 за 300 милиони долари.
Предходно, во саботата, Претставничкиот дом на САД со поддршка од двопартиското мнозинство го изгласа пакетот за безбедносна помош вреден 95 милијарди долари, од кои 60,84 милијарди долари за Украина, 26 милијарди за Израел, вклучувајќи 9,1 милијарди за хуманитарни потреби и 8,12 милијарди за Индо-Пацификот, и покрај жестокото противење на некои републиканци,
Драган Мишев