Украинската војска објави дека извршила напад врз руското пристаниште Оља во регионот Астрахан.
Според Киев, нападот извршен во четврток вечерта во јужна Русија погодил брод што превезувал делови за беспилотни летала и муниција што пристигнала од Иран.
Како што истакнува украинската војска, пристаништето се користи како клучен логистички центар за испорака на воена опрема.
фото: принтскрин
Текстот Украина нападна брод што превезува иранско оружје во руско пристаниште е превземен од МАКФАКС.