Украина доби 3,9 милијарди долари од САД преку програмата на Светска банка, изјави премиерот Денис Шмихал, пренесе МИА.
Ова е прва транша во 2024 година според новиот финансиски договор меѓу Украина и Светска банка објавен неколку дена претходно.
„Ова е прва транша од финансиската помош за буџетот што САД ја даваат во 2024 година. Украина ќе добие вкупно 7,8 милијарди долари под форма на директна буџетска поддршка од САД оваа година. Ова ќе ни овозможи самоуверено да го поминеме овој финансиски период“, напиша украинскиот премиер на Телеграм.