Илјадници убиени, милиони раселени и градови претворени во урнатини е резултатот од досегашните два месеци на војна во Украина која ја започна Русија на 24 февруари годинава со влез на нејзините сили на украинската територијата.

Advertisements

По бомбардирањето на цивилни објекти, породилишта, театри, но и откривањето на масовни гробници во Буча и Мариупол, офанзивните руски сили изминативе осум недели се соочија со осуди и обвиненија за воени злосторства.

„Русија, сепак, не успеа да го заземе главниот град Киев и да ја собори тамошната власт. Украинските сили поставија цврста одбрана и украинскиот претседател Володимир Зеленски покажа одлично лидерство. Но, додека руските сили сега се прегрупираат на истокот на Украина, дали Украина ќе може да ги спречи? Дали западните сили можат да ја засилат својата воена поддршка и да останат обединети околу заедничките воени цели? Или времето, заморот и намалените резерви на муниција ќе го земат својот данок? Оваа војна е стара два месеци, но може да има уште многу во иднина“, пишува Би-би-си.

Прикажи повеќе