Украинските власти продолжија да го повикуваат населението во источните региони да замине што е можно поскоро, бидејќи според Украинската Армија, руските сили продолжуваат да се прегрупираат на истокот од земјата, додека нападите во Мариупол продолжија за преземање под контрола на овој град. Но, Киев тврди дека украинските сили одбиле седум напади на руските сили со уништување на воена опрема.
„На територијата на регионите Доњецк и Луганск, украинските бранители одбија седум непријателски напади, уништија девет тенкови, седум оклопни возила и пет непријателски возила. Воздухопловните Сили на Украинските Вооружени Сили, погодија четири воздушни цели: два хеликоптери, беспилотно летало и пловечка ракета“, изјави Олександр Шпутун, портпарол на Украинската Армија
Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана во саботата објави снимка од борбените авиони како гаѓале неколку воени цели во Украина. Москва тврди дека уништила украинска воена опрема во еден комплекс индустриски згради.
Од друга страна, синоќа на заедничката прес-конференција во Лондон, германскиот канцелар Олаф Шолц и британскиот премиер Борис Џонсон, се појавија пообединети од кога и да било, ветувајќи натамошни испораки на оружје за Украина. Земјите на НАТО се едногласни да не заземаат страна во оваа војна, но ќе и помогнеме на Украина да се одбрани, рече Џонсон по разговорот со германскиот канцелар. Велика Британија вети противвоздушни и противтенковски ракети и муниција со висока прецизност, способна директно да ја погоди целта. Но, Москва го гледа снабдувањето со оружје и муниција за Украина од Запад како закана и вели дека таквиот потег ќе предизвика дополнително крвопролевање. /Алсат.мк
Исуф Кадриу