Манчестер сити покажал сериозен интерес за 20-годишниот Абдукодир Хусанов. Узбекистанецот е фудбалер на Ланс, а според трансфер-инсајдерот, Фабрицио Романо, Сити ќе се обиде да го реализира овој трансфер во јануарскиот преоден рок.
Покрај проблемите со резултатите и лошата форма, Пеп Гвардиола има огромни проблеми со повредите на фудбалерите. Поради здравствени проблеми голем број натпревари од стартот на сезоната пропуштија централните дефанзивци: Нејтан Аке, Рубен Дијаш и Џош Стоунс.
Романо како ексклузива ја објави информацијата дека Гвардиола зака да го донесе Хусанов. На почетокот на минатата сезона, Хусанов пристигна во Ланс од Енергетик БГУ Минск за само 100.000 евра.
Минатата сезона во Лига 1 одигра 11 натпревари, а оваа веќе настапи на 13 натпревари, на 11 од нив одигра 90 минути.
Момчето од Ташкент, според „Трансфермаркт“, во овој момент на фудбалскиот пазар има вредност од 12.000.000 евра.
Текстот Узбекистанец ќе го засили Манчестер сити? е превземен од МАКФАКС.