Вчера околу 13:43 часот, пред угостителски објект во Струга, две лица со остри предмети го нападнале Д.Н. од струшкото село Велешта, при што тој добил убодни рани по телото.

Повредениот веднаш бил префрлен во Општата болница во Струга каде му била укажана медицинска помош. На местото на настанот извршен е увид од јавен обвинител и полициски екипи.

Полицијата информира дека по целосно расчистување на случајот против напаѓачите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Текстот Убодни рани за жител на Велешта во напад пред угостителски објект е превземен од МАКФАКС.