Нова голема трагедија го снајде бразилскиот фудбал откако беше објавено дека 22-годишниот фудбалер Рикардињо бил застрелан и убиен во Маритуба.

Членот на клубот Ремо, чие полно име е Рикардо Емануел Алкантара Паива, почина на 22-годишна возраст, заедно со уште двајца млади мажи.

Полицијата го пронашла автомобилот за кој се сомнева дека го користеле сторителите на убиството, а истрагата е во тек.

Рикардињо важеше за многу перспективен играч, кој на почетокот на својата сениорска кариера придонесе за промоција на Ремо во Серија Ц, која е трета лига во Бразил.

Неодамна тој се опоравуваше од тешката повреда што ја заработи во март 2024 година.

Веста за трагичната смрт ја соопшти неговиот клуб и со две слики се прости од својот напаѓач.

Текстот Убиен млад бразилски фудбалер е превземен од МАКФАКС.