Еуро Никел имаат серија од две победи по ред по лошата серија на почетокот на сезоната. Кавадарчани на домашен терен го совладаа Куманово со убедливи 87-69 и ја продлабочи кризата во редовите на противникот. По осмото коло, кумановскиот состав има седум порази во низа, па сега се наоѓа на десетото место на табелата во Првата лига.
Џекиќ со 21 поен и 9 скока беше лидер кај победникот, Соколов постигна 15 поени. Кај Куманово, Зивчевиќ имаше 22 поени. Академија ФМП имаше послесна задача во осмото коло. Избраниците на Александар Петровиќ славеа против дебитантот Ангели со 89-70 за петти триумф оваа сезона. Крстајиќ постигна 21 поен, Стојановски имаше 19. Мандерсон со 22 поени и 14 скока беше најдобар кај Ангели.