Денеска околу 04 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола на улицата „Васко Карангелевски” во Битола го лишиле од слобода 72-годишниот Б.М. од Битола.
По преземени мерки, тој бил фатен на местото на настанот додека извршувал кривично дело „тешка кражба“, а осомничен е за пет кривични дела „тешка кражба“ затоа што одзел засилувачи на интернет, сопственост на „А1 Македонија“, а поставени на згради во Битола.
Лицето е лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува кривична пријава.