На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од село Злеово, радовишко, поради сомнение нападнал и извршил обљуба врз 77-годишна жена од радовишко.
Против А.С. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица, а од страна на судија од Основен суд Струмица му е определена мерка куќен притвор.
Текстот Уапсен 42-годишник од Радовишко, извршил обљуба врз 77-годишна жена е превземен од МАКФАКС.