Денеска во 07.00 часот, полициски службеници од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар при ОВР Гостивар го лишиле од слобода 36-годишниот Д.М. од Гостивар.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Уапсен 36-годишник од Гостивар: при претрес на неговиот дом пронајдена дрога е превземен од МАКФАКС.