Вчера во 19.20 часот во село Брвeница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово и Полициската станица Гостивар го привеле 35-годишниот Х.В. од Кавадарци.

Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од три години за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, псхотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 и „одземање моторно возило“ по член 242 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Текстот Уапсен 35-годишник од Кавадарци за издржување тригодишна затворска казна е превземен од МАКФАКС.