Вчера во 11.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 26-годишниот Х.Б. од село Косел, охридско.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и други предмети со остатоци од марихуана.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Уапсен 26-годишник од Охридско: при претрес пронајдена дрога е превземен од МАКФАКС.