Денеска во 01.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 17-годишник од село Блаце, скопско, затоа што пред угостителски објект во Куманово одзел мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Г.Д.(52) од Куманово.

Мотоциклот бил пронајден и вратен на сопственикот, а малолетникот бил приведен во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Текстот Уапсен 17-годишник во Куманово: украл мотоцикл „јамаха“ е превземен од МАКФАКС.