Вчера вечер, во 18:55 часот, полициски службеници од ПС Карпош го лишија од слобода И.А. (55) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.

На 6 јули, околу 18 часот, додека полицискиот хеликоптер приоѓал кон местото каде реката Лепенец се влива во реката Вардар со цел да наполни вода за гасење на пожарот во реонот на Блаце, пилотите забележале лице кое влегло во плиткиот дел на коритото на Вардар и мавтало со рацете, по што од лица кои биле присутни на местото на настанот биле известени дека лицето фрлало со камења кон воздухопловот Белл 412 и поради тоа биле принудени да го променат местото на полнење на вода, затоа што биле ставени во крајно безбедносно загрозување и тоа додека извршувале задачи за потребите на државата и граѓаните.

По преземени мерки и активности, И.А. е пронајден и лишен од слобода и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Текстот Уапсен скопјанец, фрлал камења кон полициски хеликоптер додека полнел вода за гасење пожар е превземен од МАКФАКС.