Вчера во 19.20 часот на улицата „Страшко Пинџур“ во Кавадарци полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода 43-годишниот Л.Т. од Кавадарци.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „пежо” со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Л.Т. и по преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,77 промили алкохол во крвта.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 297-а од КЗ.
Текстот Уапсен маж од Кавадарци, возел под дејство на алкохол е превземен од МАКФАКС.