СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.К.Ф.(32) од Бразил поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „внесување на против правно прибавени добра од привремена заштита, културно наследство и природни добра“.

Имено на 10.07.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници извршиле контрола при што било констатирано дека пријавениот внел 961 природни реткости (минерали-камења, со различни бои, благородни метали и различен рачно изработен накит со додатоци од полускапоцени камења), а кои се противправно набавени на територија на друга држава, во вредност од 918.000 денари.

Текстот Уапсен маж од Бразил на Табановце: внел благородни метали и накит од полускапоцени камења е превземен од МАКФАКС.