Вчера во 20.35 часот на улицата „Битолска“ во Демир Хисар, од страна на полициски службеници од ОВР Демир Хисар е лишен од слобода 59-годишниот Б.М. од село Бучин, крушевско.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мазда“ со крушевски регистарски ознаки, кое го управувал Б.М., и по преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,58 промили алкохол во крвта.

По документирање на настанот, ќе биде поденесена пријава по чл.297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило“.

Текстот Уапсен маж во Демир Хисар: возел под дејство на алкохол е превземен од МАКФАКС.