Вчера во 16.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 55-годишниот З.А. од Куманово, извести МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, остри предмети, пушка, куршуми и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Текстот Уапсен кумановец: при претрес пронајдени дрога и пушка е превземен од МАКФАКС.