Полицијата поднесе кривична пријава против О.В.(42) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени 11 кривични дела, од кои девет кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба”.

Во периодот од септември 2024 година до јануари 2025, О.В., најчесто со употреба на сила и подесен алат, од викенд куќи, семејни домови, верски објекти и продажен објект, на подрачје на Кавадарци и Росоман украл различни предмети.

Со извршување на делата тој се стекнал со противправна имотна корист од околу 466.000 денари. На 16 јануари О.В. е ауспен, а по издадена наредба од Основен суд Кавадарци, при извршен претрес во домот каде престојувал, биле пронајдени и одземени предмети од извршените кривични дела.

Текстот Уапсен крадец од Кавадарци – крадел во куќи, викендички, продавници е превземен од МАКФАКС.