Полицијата до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против О.В.(42) од Кавадарци поради постоење основи за сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“.

Според информациите на МВР, во периодот од ноември 2024 година до мај 2025 година, тој со употреба на сила и подесен алат од семејни домови, од Општа болница Кавадарци и од верски објект во Росоман одзел различни предмети.

На 06.05.2025 во 07.00 часот на улица „Зелен пазар“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода, а од Основен суд Кавадарци изречена му е мерка притвор и бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на мерката.

Текстот Уапсен крадец во Кавадарци, крадел по куќи, цркви и болница е превземен од МАКФАКС.