Поранешниот претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, е уапсен во Тирана по налог на Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминална таа земја (СПАК).

Уапсен е на влезот во Тирана додека возел до местото каде требало да одржи прес-конференција, јавува „Еуроњуз Албанија“.

Мета е обвинет за перење пари, корупција и непријавување имот. Тој неколкупати се појавуваше во СПАК на распит за случајот ЧЕЗ-ДИА. Апсењето е поврзано со истрагите што СПАК веќе извесно време ги води за случајот ЧЕЗ-ДИА, а за него и неговата поранешна сопруга Моника Кријемади е спроведена имотна истрага.

Текстот Уапсен е поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета е превземен од МАКФАКС.