Вчера околу 19 часот на улицата „Анкарска“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ѓ. од Скопје.

Откако му бил даден знак да застане, Р.Ѓ. се дал во бегство, но набргу, по преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, бил лишен од слобода, извести МВР.

При тоа, Р.Ѓ. фрлил кеса во која имало 100 кесички со марихуана, а при обидот да избега му нанел и телесна повреда на еден полициски службеник.

По документирање на случајот, против Р.Ѓ. ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ.

Текстот Уапсен дилер во Скопје, запленети 100 кесички со марихуана е превземен од МАКФАКС.