Вчера во 17:30 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.К..(52) од Германија, затоа што при гранична контрола на патничко возило „мерцедес спринтер“ со германски национални ознаки, со кое патувал, пронајдени се марихуана, таблети и др..
А.К. е предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Текстот Уапсен германски државјанин на ГП Табановце, пронајдена дрога е превземен од МАКФАКС.
 
		