Вчера во 14.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Ќемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот Е.П. од Република Косово и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 32-годишниот Ф.А. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и од слобода бил лишен возачот Е.П. и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Уапсен возач од Косово поради сообраќајна несреќа во Скопје: со товарно возило удрил во мопед е превземен од МАКФАКС.