Вчера во 19.20 часот, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода А.Љ.(23) од Дебар, кој претходно, на регионалниот пат кон селото Удово, управувајќи патничко возило „опел“, со дебарски регистарски таблици, не застанал на даден знак за запирање од страна на полициски службеници и се дал во бегство.
Полицијата соопшти дека веднаш биле преземени соодветни мерки и активности и по кратко време, тој билзапрен на улицата „Веби Дибра“ во Дебар и притоа било констатирано дека А.Љ. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,77 промили алкохол во крвта и дека не поседува возачка дозвола.
Против А.Љ. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.
Текстот Уапсен возач од Дебар, возел со 2,77 промили алкохол во крвта и без возачка е превземен од МАКФАКС.