Денеска полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 39-годишниот Х.Х. од село Крушопек, скопско, затоа што околу 14.30 часот на булеварот „Партизански одреди” во Скопје, наспроти пазарот Ѓорче Петров, управувајќи патничко возило „голф” со скопски регистарски таблички, удрил во 12-годишна малолетничка-пешак од Скопје.
Со возило на Итна медицинска помош малолетничката е пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза” каде и била укажана лекарска помош и констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид од СВР Скопје, а возачот е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена пријава по итна постапка.