Вчера во 12.25 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го привеле 46-гпдишниот М.П. од Велес, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено –  поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Текстот Уапсен велешанец, бил баран по потерница е превземен од МАКФАКС.