Во Битола вчера во 10.00 часот на ул. „Коста Абрашевиќ“ полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода В.Р.(42) од Битола.
Тој бил баран со потерница за издржување на казна затвор во траење од пет години за извршени кривични дела по член 215 од КЗ.
Лицето, како што соопшти полицијата е спроведено во Казнено- поправниот дом „Затвор Прилеп“.
Текстот Уапсен битолчанец: бил баран со потерница за казна затвор од пет години е превземен од МАКФАКС.