Три лица се уапсени на вчерашниот фудбалски натпревар што се одигра на Градскиот стадион во Скопје.

Според информациите на МВР, приведени се Ф.Д.(19), М.Г.(18) и А.З.(27), сите од Скопје, поради тоа што за време и по завршување на фудбалски натпревар на aрената „Тоше Проески“ во Скопје фрлале тврди предмети кон полициски службеници, лица во публиката, како и лица учесници на натпреварот.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Текстот Уапсени три лица на вчерашниот фудбалски натпревар на Градскиот стадион е превземен од МАКФАКС.